Ова е важен процес, особено ако се земе предвид дека Законот за заштита на природата е донесен во 2004 година, а во меѓувреме се менуваат предизвиците со кои се соочува природата и политиките за нејзино зачувување. За МЕД, новиот закон е можност да се постави појасен, посовремен и поприменлив систем за заштита на природата, усогласен со реалните потреби за зачувување на биолошката, геолошката и пределската разновидност, меѓународните обврски ...

Македонското еколошко друштво (МЕД) спроведува активности за зајакнување на локалната популација на модроврани преку изработка и поставување куќарки. Сакајќи да им обезбеди сигурен дом на овие птици, МЕД ги повикува граѓаните да ја поддржат кампањата со симболична донација на линкот https://mes.org.mk/product/donacija-za-kukjicki-za-modrovranite/. Некогаш широко распространета низ котлините во Македонија, модровраната денес се среќава само во ...