Секој ден по два часа без вода остануваат жителите на кочанското село Тркање. Револтирани велат дека веќе две недели вода снемува секој ден, а кога повторно ќе дојде, е матна и нечиста. Стравуваат дека поради тоа им се расипуваат чешмите, бојлерите и машините за перење. Се жалат дека низ цевките оди само воздух, а водомерот си брои како да има вода. Велат дека никој не им одговара на повиците и бараат надлежните конечно да го решат проблемот. ...

Жителите на кочанското село Тркање веќе две недели секојдневно се соочуваат со прекини во водоснабдувањето. Велат дека без вода остануваат по еден до два часа дневно, а кога повторно ќе потече од чешмите, таа е матна и нечиста. Поради тоа стравуваат од оштетување на апаратите во домаќинствата, но и од можни здравствени ризици. Дополнително реагираат дека и кога низ водоводната мрежа поминува само воздух, водомерите продолжуваат да ...