За денес музичкиот виртуоз Благојче Трајковски го најави видео спотот за Височини сниман во срцето на Битола, на платото на Офицерскиот дом. „Ова не е композиција што настана по некој план, ниту по нарачка. Дојде тивко, спонтано, како мисла што не те прашува дали имаш време за неа. Инспирацијата ме најде едно утро, во автомобил, додека возев на патиштата на нашата Македонија, додека пејзажите се менуваа, а мислите кога возиш сам имаат свој ...
Денес премиерно беше објавен видео спотот за „Височини“, новата инструментална композиција реализирана во рамки на авторскиот и изведувачки опус на групата “Фонтана“ од Битола. „Височини“ е современ музички израз инспириран од богатата македонска музичка ризница, во кој традицијата не се третира како минато, туку како жива материја што постојано се надградува. -Композицијата не е создадена по план или нарачка, туку спонтано како тивка идеја ...

