Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век, промовирана публикацијата која се обидува да го надополни историскиот недостаток на женската историја во нашата историја прикажана во учебниците и да се потикне критичкиот однос кај младите за женскиот активизам. Петар Тодоров, Јана Трајковска, Дарко Леитнер-Стојанов и Јана Коцевска, авторскиот тим кој посочи дека читанката е наменета за ученици, наставници, ...
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Центарот за истражување на национализмот и културатата – ЦИНИК, и Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. денес во Европска куќа – Скопје ја промовираа публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, историска читанка која за првпат на систематски и пристапен начин ги обработува искуствата, улогата и придонесот на ...

