Сè уште и покрај екстремното хипехлорирање на гостиварскиот водовод има бактерија, која предизвикува низа проблеми, така што, не може да се добијат согласно со протоколите, три последователни исправни извештаи. Што велат надлежните, во врска со натамошната постапка на заболените, дали може да стравуваат од жолтица и други здравствени проблеми. За попладнево закажан е состанок на Кризниот штаб. Денешната слика и реакции ги има Наташа ...
И последниот состанок на Кризниот штаб не донесе добри вести за гостиварци. Водата од чешма и натаму не смее да се пие. Може да се користи само за технички потреби, но не и за консумација или приготвување храна. По интензивното хлорирање, надлежните препорачуваат граѓаните почесто да ја испуштаат водата, бидејќи како што велат, токму застојаната вода во цевките придонела за појава на бактерија која сега се обидуваат да ја искоренат. Ќе ...

