Одделните земји – членки во Шенген зоната можат самостојно да одлучат дали привремено ќе се стават вон сила системот за влез и излез (ЕЕС) и тоа може да го направат ад-хок. Ова беше одговорот на новинарско прашање на портпаролот на ЕУ на попладневната прес конференција во Брисел. При тоа, како што беше објаснето, при поголеми гужви на границите, прекинот на собирањето на биометриски податоци може да се направи веднаш, за што ЕУ има разбирање, ...

Грција приврмено го суспендираше системот ЕЕС за првомајските празници, тврдат патниците кои решија за продолжениот викенд да одморат покрај море. Граѓаните велат дека поминале без скенирање и без земање отпечатоци од прстите. „Еве еден позитивн апдејт од Евзони од 30-ти април: Грците не не тераа да даваме отисоци, така да и покрај тоа што имаше 7-8 коли пред нас, многу брзо поминавме граница“, пишува граѓанин во групите на социјалните мрежи. ...