Добивај вести на Viber Одбраната ќе ви докаже на правен и фактички план дека истиот не може да биде истиот не може да биде со каузалитет на дејствија за сторување на ова кривично дело кое му се става на товар. Во делот на правните факти кои што одбраната на Крешник Бектеши ќе се фокусира и ќе ви ги докажува останувам на истата правна аргументација во однос на одредбите од член 292, 288 од КЗ, која ја дадов во воведниот говор за обвинетиот ...

Одбраната на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, во својот воведен говор на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, тврди дека причинско-последична врска во дејствија на обвинетиот Бектеши, спротивно на законски обврски по кои е должен да постапува нема, ниту Министерството со кое управувал има надлежност за инспекциски надзор, додека дејствие на извршување е ...

Бранителите на ексминистерот за економија Ваљон Сараќини, во чие време е издадена првата лиценца за работа на „Пулс“, во воведните зборови се осврнаа на моментот зошто првото барање било одбиено, а по еден месец била издадена лиценца за работа. Според нив, причините за тоа биле посеани во 2008 година, со т.н. „регулаторна гилитона“, кога со измени на неколку закони бил направен терен за поедноставување на процедурите за бизнисите На ниту една ...

На ниту една лиценца за работа на т.н. кабаре „Пулс“ нема потпис на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, туку негов факсимил. Ова во воведните зборови го кажа неговиот бранител, адвокатот Еленко Миланов, на денешното рочиште од судскиот процес за трагедијата во Кочани која однесе 63 животи, а повеќе од 200 лица остави со повреди од кои голем дел тешки. Миланов посочи дека делото што му се става на товар на Бектеши е за ...