Чесите водат со 1-0 по првото полувреме на дуелот со Јужна Кореја, во првиот меч од второто коло на Светското првенство во фудбал, а ова е и историски меч. Само вторпат во историјата на Мундијалите суди жена, тоа е Американката Тори Пенсо, а и нејзините помошнички се дами. Пенсо во 2023 судеше финале на Светското првенство за жени. Прва жена главен судија беше Стефани Фрапар на СП во Катар 2022. Селекторите на двата тима имаат по 74 години, ...
Ремито од 1-1 помеѓу Чешка и Јужна Африка на дуелот во Атланта, може да биде најава дека ниедна од овие две селекции нема да играат во 1-финалето бидејќи имаат само по еден бод после две кола во групата во која се Мексико и Јужна Кореја кои имаат по три бода од првото коло. Михал Садилек погоди после 5 минути и 8 секунди игра, што е најбрз гол на ова Светско првенство. Популарните Бафана-Бафана изедначи од пенал во 83-та минута, а реализатор ...

