Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на М12 каравани. односно проектот посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката. А новата, попатна станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Гевгелија, или четрвтиот дел од проектот е предвиден за 26. април, ќе биде реализиран во спортската сала „26.април“ како уште една од ...

Гевгелија, 26 април 2026 (МИА) - Во Спортската сала „26 Април” во Гевгелија денеска продолжува сезоната на М12 каравани во организација на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) која се реализира како проект посветен на најмладите кошаркари, во машка и женска категорија. Целта на настанот, како што велат организаторите, е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката, каде што дружбата е поважна од кошаркарскиот резултат. ...