„Акшан“ ја отвори својата стотта продавница во Малага, во Шпанија. Оваа пресвртница доаѓа помалку од четири години откако компанијата влезе на шпанскиот пазар, во февруари 2022 година, пренесува „Ритејл дитејл“. Новата продавница има 760 м² и се наоѓа во трговскиот парк „Малага нострум“. Во неа се вработени 23 лица. Асортиманот опфаќа 6.000 производи во четиринаесет категории, меѓу кои средства за чистење, производи за лична нега и домашни ...
„Волмарт“ ја отвори својата прва продавница во Јужна Африка, со што американскиот малопродажен гигант официјално зачекори на африканскиот континент, пренесува „Ројтерс“. Повеќе од стотина купувачи со часови чекале во ред пред продавницата за да ги искористат „секојдневно ниските цени“ на „Волмарт“ и да купат меѓународни производи кои тешко се наоѓаат во Јужна Африка, како што се куклите Labubu и соковите Dr Pepper. Трговецот ќе нуди и услуга ...
Компанијата „Лидл“ - Србија продолжува со проширување на својата малопродажна мрежа со отворање на првата продавница во Рума, во четврток, на 4 декември, на адреса Главна 300. Со големо задоволство се подготвуваме за отворањето на првата „Лидл“ продавница во Рума. Нашата мисија е да им обезбедиме на потрошувачите она што најдобро го знаеме, производи со највисок квалитет по најпристапни цени. Со нетрпение очекуваме да станеме дел од новата ...

