Во Тетово, на свечена академија со поранешни и сегашни членови на клубот и претставници на институции, се одбележа 100-годишнината од формирањето на Планинарскиот клуб (ПК) „Љуботен“, најстариот планинарски клуб во Македонија. Формиран во 1925, „Љуботен“ низ сите овие години непрекинато постоење, создаде вистинска историја за македонското планинарство. Но, не само врз планинарството, туку од неговите редови произлегоа и првите скијачи во ...
Претседателот на ПК „Љуботен“, Јован Божиновски, зборуваше за опстојувањето на клубот од неговото формирање во 1925 година, дека во овој еден век создал вистинска историја на македонското планинарство и дека од неговите редови се првите скијачи во Македонија. Божиновски нагласи дека низ овие сто години постоење, „Љуботен“ има собрано голема архива документи, фотографии и предмети поврзани со планинарењето, па има голема желба еден ден да се ...

