Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и со тоа ја освои Куп титулата, комплетирајќи ја двојната круна оваа сезона. Натпреварот започна во знакот на тимот од Јосифово. По само пет минути игра, радовишанецот Горан Стојанов го отвори резултатот за 1:0, а веќе во 10. минута Бојан Јанев ја искористи грешката во одбраната на велешани и зголеми на ...

Во финале со многу погодоци Проект уште еднаш покажа зошто доминира во македонскиот футсал и со неверојатен резултат од 8:3 славеше над Кеги Моби за Куп титула, а со тоа тимот од Јосифово ги обедини двете круни. Само пет минути беа потребни за Проект да дојде до предност од два погодоци, а на полувреме предноста беше 5:1. Во вториот дел на рутина беше потврдена победата од 8:3. За Проект хет-трик постигна Горан Стојанов, двоен стрелец беше ...

Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот на Македонија во футсал, каде со хет-трик го предводеше Проект до убедлива победа од 8:3 против Кеги Моби и освојување на трофејот. 25-годишниот футсалер од Радовиш го отвори резултатот уште во раната фаза од натпреварот, а потоа со уште два погодоци го заокружи своето фантастично издание и го трасираше патот кон убедливиот триумф на тимот од Јосифово. Проект ...