Министрите за внатрешни работи на Србија и Македонија, Ивица Дачиќ и Панче Тошковски со ист одговор за случајот со шверцот на пет тони марихуана кои потекнуваа од легалните плантажи за одгледување на медицински канабис. Според нив, министерствата си ја завршиле својата работа, а обвинителството е надлежно за истрагата која трае околу 5 месеци, а беа уапсени неколку лица и во Македонија и во Србија. Главниот организатор на групата Александар ...
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денес изјави дека заплената на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац е голем успех на полицијата, но додаде дека не може да каже каде се главниот осомничен и организаторот бидејќи истрагата ја води обвинителството. Дачиќ рече дека во последните две и пол години, во Србија се запленети околу 18 тони дрога. „Заплената во Коњух е една од најголемите. Имаше уште неколку други по таа линија и се ...

