Околу 80 проценти од проектите што ги започнавме по доаѓањето на власт се при крај со реализација, се пофали на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, на која ги презентираше резултатите од првата година од мандатот. Најголем проблем со кој се соочил по стапувањето на функцијата, според него биле финансиите во Општината. – Со ефикасна администрација стигнавме да вратиме долгови од повеќе од 2,5 милиони евра ...

И покрај најавите за раздолжување и воведување ред во општинската каса, Општина Струга и понатаму останува на листата општини со блокирани сметки. Градоначалникот Менди Ќура денеска се пофали со намалување на долгот за 2,5 милиони евра откако ја презел функцијата, изразувајќи уверување дека до крајот на годината општината конечно ќе биде одблокирана. Првиот човек на Струга тврди дека финансиите се движат во позитивна насока и дека ...