Со сведоци на обвинителството продолжи судењето за предметот Онкологија 1 против екс директорот на клиниката Нино Васев и уште двајца доктори онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, обвинети за несовесно лекување болни. Докторка – онколог, која работела на клиниката за Онкологија до крајот на 2023 а сега е во приватна болница, одговараше на прашањата на обвинителката Ана Гоговска Јакимовска за тоа дали одредени терапии се препишуваат во ...

Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје започна од почеток поради промена на поротник. Обвинети се поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Васев и Нухи се товарат дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови и ги прикривале преку фиктивни тендери, присвојувајќи дел од терапијата. Според Обвинителството, со овие дејствија државниот буџет е оштетен за ...

Денеска почнува судењето за пожарот во дискотеката Пулс.Судскиот процес започнува по осум месеци од трагедијата.За смртта на 63 лица, 35 обвинети и три фирми ќе одговараат за тешки дела против општата сигурност, кои според истрагата придонеле до трагичниот исход. Предметот ќе го суди судијката Диана Груевска-Илиевска. Ќе им се суди на сопственикот на дискотеката, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија, директори на ...

Утре, среда (19.11), почнува најважното судење во државата. Семејствата на 63 жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ доаѓаат по правда за прекинатите животи на нивните најмили и за болката што им е нанесена на повредените и на сите засегнати од трагичниот настан. Најавено е дека ќе се одржуваат по две рочишта неделно за судењето да добие навремена и квалитетна разрешница. На обвинителна клупа ќе седнат 38 обвинети, односно 35 физички ...