Расте бројот на деца со говорно-јазични потешкотии, а една од најголемите причини е предолгото изложување на екрани во најрана возраст, вели логопедот Тања Андоновска од штипската детска градинка Вера Циривир Трена. Таа објаснува дека овие потешкотии можат да имаат и органски или психолошки основи, но сè почесто се предизвикани од средински фактори. Децата кои поминуваат многу време пред телефони, таблети и телевизори често покажуваат забавен ...

Едномесечно бебе е најмладиот пациент кој во моментот се лекува во Белодробната болница „Козле“, каде што се хоспитализирани околу 60 деца. Сезоната на грип го зголеми бројот на прегледи, а докторот Филип Доксимовски посочува дека дневно прегледуваат приближно 150 деца. Најчесто заболуваат бебиња и деца од предучилишна возраст. „Доаѓаат со висока температура, силна и упорна кашлица која се влошува ноќе, потешкотии при дишење и свирење во ...