Пула – Џон Леџенд настапи во Пулската арена во саботата. Тоа беше првиот настап на американската поп-ѕвезда во Хрватска. Концертот беше во формат „Ноќ на песни и приказни“, кој вклучуваше пијано и вокални изведби, сценска продукција и LED екран. Леџенд ги изведе своите најпознати песни во текот на вечерта, вклучувајќи ја и „All of Me“, која има повеќе од 2,6 милијарди прегледи на YouTube и е една од најпознатите љубовни балади на 21 век. ...
Американскиот пејач Џон Леџенд се огласи на социјалните мрежи по концертот во Пула и ги сподели своите впечатоци од првата посета на Хрватска. На својот инстаграм-профил тој објави серија фотографии од настапот, но и од приватните моменти што ги поминал со семејството за време на престојот. „Нашата прва посета на Пула, во Хрватска, беше прекрасна! Ви благодарам“, напиша Леџенд покрај објавата. View this post on Instagram A post shared by ...

