Според анализата на податоците, 2025 година донела највисок пријавен доход досега, со раст од над 1,2 милијарди евра во споредба со претходната година, што се одразило и врз зголемената наплата на данокот на личен доход. Истовремено, бројките покажуваат дека голем дел од граѓаните и натаму не ја користат можноста лично да ги проверат и потврдат своите годишни даночни пријави, иако токму тој увид може да спречи евентуални грешки и дополнителни ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека е завршено годишното оданочување на граѓаните за 2025 година. При тоа се евидентирани 863.100 годишни даночни пријави, а вкупниот пријавен оданочив доход достигнал 612,9 милијарди денари (9,95 милијарди евра). Даночната управа констатира дека се уште има граѓани кои не отвориле кориснички профил преку кој се проверуваат даночните пријави, па така 158.657 пријави не се лично потврдени. Од вкупно ...

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година, покажуваат пресметките од годишните даночни пријави. Според податоците на Управата за јавни приходи, вкупниот пријавен доход во 2025 година изнесува речиси 10 милијарди евра, што е за 1,2 милијарди повеќе од 2024-та, а пресметаниот данок на личен доход сега е 647 милиони евра, за разлика од претходната година кога биле пресметани 568 милиони ...

Рекордни пријави за остварен доход од речиси 10 милијарди евра стигнале во Управата за јавни приходи. Бројките покажуваат раст на пријавениот доход минатата година од над 1,2 милијарди евра во споредба со претходната , а со тоа и повисок пресметан данок на личен доход, кој достигнува околу 650 милиони евра. Најголем дел од пријавите се од работен однос, што покажува дека платите се доминантен извор на приходи кај граѓаните. По овој основ ...