Актерката Дакота Џонсон повторно беше снимена на вечера со пејачот Рол Модел, а овојпат двојката беше забележана и како се држи за раце додека шета по улиците на Лос Анџелес. Тие во четвртокот навечер биле фотографирани во еден луксузен ресторан, каде што вечерале во друштво на пријатели и делувале многу блиски. Фотографите ги забележале во опуштена атмосфера, а насмевките и блискоста не изостанувале ни при излегувањето од ресторанот. ...

Актерката Дакота Џонсон пред шест месеци ја раскина свршувачката и долгогодишната врска со фронтменот на групата „Coldplay“, Крис Мартин. Иако ниту едниот ниту другиот јавно не се огласија за раскинувањето, изгледа дека до прекин на врската дошло поради различни планови за иднината и зафатениот распоред. „Навистина се трудеа да ги решат своите проблеми, но разликата во годините често беше проблем. Таа исто така изрази дека можеби би сакала ...