Карлос Алкарас без никакви проблеми се пласираше во осминафиналето на гренд-слем турнирот во Мелбурн, Австралија. Шпанецот со 6:2, 6:4 и 6:1 го победи Корантен Муте од Франција. За Алкарас ова беше 87 победа, а има само 13 порази на најголемите четири турнири во светот, израмнувајќи го рекордот на легендарниот Бјорн Борг. Алкарас зад себе на оваа листа ги остави сите останати легенди. Џон Мекинро и Рафаел Надал во првите 100 меча имале 86 ...

Карлос Алкарас имаше посериозна задача против Томи Пол, но успеа да го победи американскиот ривал без загубен сет. Шпанецот остана на теренот во Мелбурн речиси три часа, но со 3:0 го завери пласманот во четвртфиналето и ќе го очекува следниот противник за најдобар пласман на овој грен-слем турнир. Пол успеа да обезбеди тај-брејк во првиот сет, но Алкарас беше поуспешен и стигна до посакуваното водство, а следните два сета ги доби со по еден ...