Cоите очекувања пред стартот на новата сезона ги сподели тренерот на РК Вардар Иван Чупиќ. „Целите секогаш ни се исти во првенството и Купот, Вардар секогаш цели кон двојна круна и нема ништо да се смени на тој план. Сепак, мора да разбереме прв јас, па и целиот тим. Едно е кога освојуваш, а друго кога браниш титула. Од денес почнува нов маратон, ама сигурно дека ќе биде потешко од минатата сезона. Што се однесува до Лигата на шампионите, ...
Иван Чупиќ оствари голем успех во својата прва сезона како тренер на Вардар и ја освои двојната круна во македонскиот ракомет, но со оглед на високите стандарди кои си ги поставува како тренер, самиот вели дека неговиот стручен штаб и сите играчи на Вардар ќе мора да бидат за 50 проценти подобри во новата сезона. Вардар вчера ги „запали моторите“ и ги почна подготовките за новата натпреварувачка сезона, а во пресрет на базичните подготовки ...

