Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и нејзините советници во Центар ја поддржуваат и се приклучуваат кон иницијативата на револтираните граѓани кои се противат на приватизацијата на последното спортско игралиште во ООУ „Димитар Миладинов“. Оттаму велат дека предното фудбалско/ракометарско игралиште во училштето е единствениот поголем спортски терен на кој децата, младите и сите граѓани може да спортуваат на целиот простор од Даре Џамбаз ...
Преку онлајн петиција иницирана од Гоце Богдановски, поддржана од повеќе жители од скопската општина Центар, граѓани се потпишуваат за зачувување на игралиште на основното училиште „Димитар Миладинов“. „Ние, долупотпишаните жители и родители од околината, со оваа петиција сакаме да изразиме сериозна загриженост и противење на најавената намера за одземање на училишното игралиште и негово давање под концесија“, се вели во петицијата. Според ...

