Големи пожари зафатија повеќе подрачја во Црна Гора, а најкритична е состојбата во околината на Херцег Нови, особено над Бијела и Баошиќи. Пожарот се проширил од ридот над Жагера и се приближил до куќи и црква. Поради опасноста, превентивно биле евакуирани околу 30 жители. Во овие населени места повремено има прекини на струја и вода поради исклучен далековод, јавува Vreme.com. Во гаснењето на пожарите се вклучени пожарникари, војска, ...

Пожарите во Црна Гора и попладнево, 15 август, остануваат активни на повеќе точки, а најновото влошување е регистрирано во Херцег Нови, каде ветерот повторно го разгоре огнот и ја смени ситуацијата која утрово изгледаше значително поповолна. Активни жаришта има и кај Улцињ и Никшиќ, додека пожарите кај Бар и Сутоморе се ставени под контрола или се речиси целосно изгаснати. Најголемата неизвесност во моментов е на подрачјето на Херцег Нови. ...

Во Црна Гора, според најновите податоци, активни пожари има во пет општини, а најкритична ситуација е над Ѓеновиќи и во Улцињ, каде што пожарникарите се обидуваат да ја одбранат трафостаницата и црквата, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесуваат црногорски медиуми. Оперативен комуникациски центар (ОКЦ) на МВР соопшти дека во Херцег Нови, според податоците од 14 часот, имало активен пожар на потегот од Бијела до Зеленика. ...