Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен полицаец на 10 години затвор за воени злосторства врз цивилното население во Призрен во 1998 и во 1999 година, објави „Радио ким“. Судот го прогласи Шаќир Љутвија, од селото Крстац кај Драгаш, за виновен откако случајот беше вратен на повторно судење. И во претходната постапка Љутвија беше осуден на 10 години затвор. Сепак, по жалбата на одбраната, Апелацискиот суд на Косово ја укина ...

Гостиварскиот суд го осуди поранешниот полицаец Ардијан Пињоли (38) од Кичево на пет години затвор за спектакуларниот грабеж во златарница во Гостивар во октомври минатата година. Според Основниот суд во Гостивар, Пињоли им го ставил на располагање на маскираните разбојници службениот автомобил „шевролет спарк“, откако претходно го онеспособил полициското радио. Пињоли, заедно со уште неколку припадници на кичевската полиција, беа уапсени ...

Поранешниот извршен директор на американската инвестициска банка „Ситигруп“, Едвард Џин Смит осуден е на 30 години затвор поради низа сексуални злосторства извршени од 2015 до 2024 година. Смит е осуден од Судот во Менхетн откако призна вина за сексуалните злосторства, примање на детска порнографија и попречување на правдата. Одбраната тврдеше дека „главната причина“ за неговите кривични дела е нарушување од спектарот аутизам и оти ...

Руската новинарка Дарја Шипачева (35) е осудена на 12 години затвор во казнено-поправна колонија и парична казна од околу 3.500 евра поради велепредавство, јави „Медиазона“. Како што објави рускиот портал, пресудата ја изрекол судијата на Московскиот градски суд, Сергеј Подопригоров. Обвинителството за Шипачева побарала токму толкава казна, а одбраната побарала од судот да го земе предвид нејзиното признавање на вината и соработката за време ...