Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ремизираше без голови (0-0) против Северна Ирска во натпреварот одигран денеска во Турново. Младите македонски фудбалери имаа неколку добри можности за погодок, а меѓу оние кои се заканија кон противничкиот гол беа Мухамед Куртиши и Иван Танчев. Сепак, најзрелата шанса за Македонија во првото полувреме ја имаше Дитмир Хоџа кој е член на Лидс, но не успеа да ја претвори во погодок. Ниту ...

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години со реми без голови (0-0) го отвори квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство 2027, на кој нашата земја е домаќин. Во цврст и неизвесен натпревар одигран попладнево на стадионот „Кукуш“ во Турново, избраниците на селекторот Димитар Капинковски одиграа дисциплинирано и освоија значаен бод против врсниците од Северна Ирска. Во текот на првото полувреме се водеше голема ...