Утре се прославува чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица. По преданието припаѓа во редот на неракотворни икони или икони кои ги иконописал апостол и евангелист Лука, првиот христијански сликар. Иконата го добила името во 8 век. Во тоа време се појавило иконоборството, а еден од најголемите противници на таа ерес бил Јован Дамаскин, тогаш се уште световник. Затоа што пишувал против иконоборството, му била отсечена десната рака. ...
Гаврил — архангел во аврамските религии кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите седум архангели кои претстојат пред престолот Божји. За прв пат се појавува во Книгата на пророкот Даниел во рамките на Хебрејската Библија. Некои го нарекуваат и отелотворение на Светиот Дух. Христијаните и муслиманите веруваат дека му ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус на Захарија и Дева Марија, а во исламот пак, тој му го ...

