Синиша Станковиќ, адвокатот на поранешниот градоначалник на Кочани Николчо Илијев (мандат 2017-2021), тврди дека против неговиот клиент нема ниту еден доказ. Одбраната се повика на фактот дека во голем дел од неговиот мандат, угостителските објекти беа затворени. „Поради ковид кризата, во мандатот на градоначалникот дискотеката не работеше, тоа е речиси половина од неговиот мандат,“ истакна Станковиќ, додавајќи дека постапката против него се ...

На денешното рочиште за случајот поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на обвинетите градоначалници истакна дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите на Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, и ...