Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа прогласи нова вонредна состојба во десет провинции и три општини поради сериозно влошување на безбедносната состојба, а на армијата и полицијата им се дадени пошироки овластувања за борба против организираниот криминал. Со Уредбата 423, која Нобоа ја потпиша во вторник, се воведува вонредна состојба поради „сериозни внатрешни немири“ за период од 60 дена, со можност за продолжување за дополнителни 30 ...
Маж, кого еквадорските власти го поврзуваат со една од најопасните банди во земјата, е убиен пред аеродромот во Гвајакил. Ликвидацијата среде бел ден предизвика паника кај патниците на аеродромот. Во нападот е повреден и еден минувач, пренесе Би-би-си. Кратко по убиството, полицијата уапсила двајца тинејџери. Жртвата е 39-годишниот Карлос Алберто Суастеги Вилануева, за кого еквадорскиот министер за внатрешни работи Џон Рајмберг рече дека ...

