Утре тимот на Манчестер Сити оди на гостување кај Вест Хем, во рамките од новото коло во Премиер лигата, а евентуалниот неуспех според менаџерот Пеп Гвардиола значи и збогување во битката за титулата со Арсенал. „Сега сè е фокусирано на Вест Хем. Овие натпревари се тешки. Освојувањето на Премиер лигата е најтешкиот трофеј. Сè уште сме во борба, но знаеме дека ако изгубиме бодови, тоа е завршено. Задоволство е да се биде во оваа позиција. ...
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, предупреди дека ако неговиот тим утре загуби бодови на гостувањето кај Вест хем, битката за титулата со Арсенал практично ќе заврши. Лондонскиот тим има предност од седум бода, но Граѓаните имаат одигран еден натпревар помалку. Сити пред десет дена одигра реми против Нотингам Форест во последниот меч од Премиер лигата, а во средата претрпе тежок пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, пред ...

