Земале бројче за да добијат место во ред во раните утрински часови, пред да почне со работа Центарот за вработување, па потоа уште повеќе часови чекаат да влезат во канцеларија за да се пријават за користење на мерките за добивање државен грант за самовработување. Добивале насоки од луѓе, за кои не се сигурни дека работат во Центарот за вработување, а сведочат дека имало и нарушување на јавниот ред и мир. Вакви поплаки стигнаа до нашата ...

Министерот за економија Бесир Дурмиши денеска го посети Центарот за вработување во Тетово. Посетата се случува само ден по инцидентот со екипата на Телма, кога по барање на директорот на Центарот за вработување во Тетово и други присутни лица тие беа приморени да избришат дел од снимениот материјал за секојдневните гужви. За попречување на работата на дописникот на Телма реагираше и ЗНМ од каде соопштија дека особено загрижува фактот што ...