Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Никола Ристановски е роден на денешен ден, 23 јануари, во 1969 година. Денеска тој го одбележува својот 57. роденден. Ристановски е роден во Острава, тогашна Чехословачка, а на седумгодишна возраст со семејството се преселил во Тетово. Уште во средношколските денови покажал интерес за глумата, како член на драмската секција, каде што го направил и својот прв значаен исчекор на сцената. ...

Нашиот истакнат музичар Влатко Стефановски е роден на денешен ден, 24 јануари 1957 година, во Прилеп. Денеска тој го одбележува својот 69. роденден. Стефановски потекнува од театарско семејство и уште во раното детство се преселил во Скопје, каде што израснал и го оформил својот музички идентитет. Денес живее и работи во Скопје, каде што во рамки на својот дом го има и тонското студио „Езотерија“. Активен е на музичката сцена од 1974 година ...