Албанија направи историски чекор кон родова еднаквост со усвојување на нов закон за квоти кој предвидува жените да заземаат помеѓу 30 и 50 проценти од одлучувачките позиции во јавните и политичките институции. Законот е оценет како еден од најамбициозните чекори кон родова рамноправност во Европа. Со оваа мерка, властите имаат за цел да обезбедат жените не само да бидат присутни во раководните структури, туку и реално да влијаат врз оформувањето ...
Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77 гласа „за“, 36 „против“ и без воздржани. Новите измени утврдуваат дека терминот род се однесува на општествено создадени улоги, однесувања и атрибути што се сметаат соодветни за жени и мажи. Опозициската Демократска партија остро се спротивстави, обвинувајќи дека законот има за цел „уништвање на семејството“. ...

