Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран, пренесе Ројтерс. Преговорите треба да се одржат денеска, изјави Трамп пред новинарите синоќа во претседателскиот авион, додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон, пренесе АП. Тој не прецизира каде ќе се одржат разговорите, колку долго би можеле да траат, ниту кој ќе учествува, пренесува ДПА. ...
Американската војска соопшти дека извршила „силен бран“ напади врз Иран, како одговор на обидите за напади со балистички ракети врз американските сили во вторникот, објави „Би-би-си“. Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила „десетици“ цели на Иранската револуционерна гарда, откако Иран истрела ракети кон американските бази во Јордан и нападна бродови во Ормускиот Теснец. Иранските државни медиуми објавија ...

