Пред гостилницата „Боем“, денеска не се делеше само храна, се делеше и човечност, празнична топлина и надеж дека добрината секогаш наоѓа пат до секого. Голем број велешани, меѓу кои семејства, повозрасни лица како и најмлади дечиња, беа дел од големата хуманитарна акција која по шести пат, по повод празникот Св. Никола ја организира оваа велешка гостилница заедно со здружението „Нула гладни во Велес“. Во духот на заедништвото и солидарноста, беа ...

Традиционалната шеста по ред хуманитарна акција што за празникот „Свети Никола“ во Велес, ја организира гостилницата „Боем“ заедно со здружението „Нула гладни во Велес“ и волонтерите на Општинската организација на Црвен крст денеска на семејства во ризик им поделија 850 топли оброци. Воедно, Дедо Мраз на 100 деца им подели и новогодишни пакетчиња и играчки. Како и изминатите години, оброците и новогодишните пакетчиња и играчки беа донирани во ...