Граѓаните отсега ќе можат уште полесно да се информираат за степенот на загаденост преку новата мобилна апликација на МЖСПП. Апликацијата е достапна за корисниците на Android и iOS, а линковите за преземање се поставени директно на официјалниот веб-портал. Системот е усогласен со најновите европски стандарди за мерење, што овозможува прецизна споредба на квалитетот на воздухот во Македонија со останатите европски метрополи. Покрај моменталните ...

Во функција е нова веб-страница за следење на квалитетот на воздухот, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. – Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 4 јули 2025 година. Веб страницата има подобрени перформанси, подобрени анализи во ...