Во петок ќе се комплетира есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Радовиш. Овој меч беше еден од одложените од последното есенско коло, а со кој сега ќе затвори есенскиот дел од второлигашкиот шампионат. Императивот за трите бодови е голем, двете екипи сакаат со победа да ја затворат 2025 година со што во пролетниот дел би имале полесна ...

Со утрешниот меч меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе се затвори официјално есенската полусезона во Втората лига. Ова е последен меч од 15. коло кој беше одложен и закажан да се одигра утре на Градскиот стадион во Радовиш. Но, на овој меч екипата на Детонит Плачковица ќе биде ослабена – причината е Сашо Дуков. Најдобриот стрелец на радовишани нема да може да настапи за својот тим на последниот меч во 2025 година од причина што има пет жолти ...