5606 Ал Хилал – Ал Наср (18.30 часот) Ова е големо саудиско, а и градско дерби во Ријад, плус пресметка на првиот и вториот тим на табелата. Ал-Наср долго го чуваше водството на табелата, но Роналдо и другарите драстично паднаа во формата, освоија само еден бод во последните три кола, па Ал-Хилал го искористи тоа и им бега четири бода. Ако Ал-Хилал победи и вечерва, би отишол на големи +7, што може да биде и решавачко во трката за титулата. ...
Вечерва се одигра дербито на Саудиската професионална лига помеѓу првопласираниот Ал Хилал и тимот на Ал Наср, за кој настапуваат бројни светски ѕвезди. Првото полувреме не понуди многу возбудувања сè до 42-та минута, кога долгата топка од Жоао Феликс ја отклучи одбраната на Ал Хилал. pic.twitter.com/nvWesxB4EH — OvoOno (@OvoOnoX) January 12, 2026 Португалецот го пронајде Кингсли Коман, а Французинот потоа брилијантно му ја додаде топката ...
Големото дерби на Ријад донесе сè што може да понуди фудбалот, гол на најголемата ѕвезда, пресврт, црвен картон и пенали. На крајот, Ал Хилал излезе како голем победник со 3-1 против Ал Наср, правејќи огромен чекор кон титулата во Саудиската Про Лига. Кристијано Роналдо даде надеж, но „жолто-сините“ се распаднаа во второто полувреме, дозволувајќи му на тимот на Симоне Инзаги да избега на „плус седум“ на табелата. Роналдо отвори, Ал-Акиди ...

