Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб. Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка ...

Изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“ и концертот на камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со гостувањето на пијанистката Нина Костова, беа во фокусот на културната вечер организирана во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб. На почетокот се обратија амбасадорот на Македонија во Хрватска, Драган Ѓурчевски, директорката на КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката ...