Министерот за економија итно побара да се коригираат цените на производите што се најпотребни периодов за новогодишните празници и да им се излезе во пресрет на граѓаните. Ако трговците си тераат по свое и не ја почитуваат мерката за поевтинувања, Владата повторно ќе ги „замрзне“ цените на храната. Во меѓувреме, некои производи поскапеле за дури 25%, вели премиерот. Мицкоски рече дека на владина седница донеле одлука со што се засилуваат ...
Доколку трговците и маркетите не покажат општествена одговорност ќе се ограничат цените на прехранбените производи , кои не се дел од Новогодишната кошничка, најавува Владата. Пазарните инспектори, според изјавите на надлежните, се на терен и за два до три дена ќе завршат нивните анализи по што ќе се знае дали ќе се донесат поригорозни мерки. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вчера ги повика трговците да ги коригираат цените на ...
Институциите од денеска ќе реагираат во однос на цените во маркетите, а доколку трговците продолжат со зголемување на цените на одредени производи реакцијата ќе биде уште по робусна во периодот што следи, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по отпочнувањето на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода, претседателот на Владата не откри со какви ...