Екипата на Џирона се избори за бод на гостувањето кај Леванте (1-1) во натпреварот од 27. коло на шпанската Примера. Гостите од Каталонија дојдоа до реми со голот на Џоел Рока во 94. минута. Карлос Еспи го доведе Леванте во водство од 1-0 во 50. минута, но потоа домаќинот остана со играч помалку, по исклучувањето на Јон Оласагасти, кој доби црвен картон во 59. минута. И покрај бројчаната негатива, Леванте беше близу до победа, но ја испушти ...

Екипата на Шкендија не успеа да издржи со играч помалку и ремизираше против Брера Струмица со конечни 1-1 (1-0) во натпреварот од 22. коло на Првата македонска лига. Гостинскиот тим успеа да го шокира фаворитот во 95. минута и однесе голем бод од Тетово. Првото полувреме понуди неколку интересни моменти. Шкендија подобро го започна мечот, но не успеа да дојде до рано водство. Гостите се потпираа на брзи противнапади и ја чекаа својата шанса. ...