На 21 август од 20 часот во Ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапи ТРИО ДОЛЧЕ. Концертот е со поддршка на Министерството за култура и туризам. Учесници : Светлана Богданоска Ристеска – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и Марија Шамоска Буџаковски – пијано. Програма: Scherzo (Allegro vivace) Schäfers Klage ( Andante espressivo) February | Carnival April | ...

Вечерва во 20.00 часот во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапи ТРИО ДОЛЧЕ. ТРИО ДОЛЧЕ е музички состав кој е формиран во 2016 година. Aктивно концертираат во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Валандово, Велес) и во странство ( Concerti del tempieto – Рим, Италија). Во изведувачкиот опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите ...