Официјално стартуваа преговорите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити за трансферот на Родри, во обид „кралевите“ да го доведат МВП фудбалерот од последниот мундијал како супер-засилување за новиот тренер Жозе Мурињо. Самиот Родри не ја крие желбата да се врати назад во Шпанија и да го облече дресот на Реал, затоа и ги одби сите понуди за нов договор со Сити, па англискиот гигант се наоѓа во незавидна положба, да мора да го продаде големиот ас ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид го стега обрачот околу Родри. Кралскиот клуб е подготвен да издвои околу 65 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, но трансфер-сагата зависи од еден клучен услов. Манчестер сити нема да даде зелено светло додека не обезбеди соодветна замена. Главна желба на Граѓаните е младиот француски талент Ајуб Буади од Лил. Доколку Енцо Мареска го доведе играчот за врска, патот на Родри кон Мадрид ќе биде отворен. За ...

