За да не се влече со месеци по судови и да добие брза и ефикасна правда, поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска ќе добие одвоено судење. Судечкиот совет не го прифати барањето на обвинителството за спојување на нејзината постапка со онаа на случајот „Адитив“. Во образложението стои дека таа има право на судење во разумен рок, а ако се спојат постапките ќе биде изложена на долготраен судски процес. Адвокатот на Димитровска вели – ...

На поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна судска постапка од останатите над 30 обвинети во случајот „Адитив“. Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на Обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно ...