Светскиот и европски шампион со шпанската репрезентација, Икер Касиљас, покренал судска постапка против Порто, барајќи делумно обесштетување поради инвалидитет, пренесува шпанскиот весник „Ас“. Касиљас поднел тужба пред португалски суд во која бара 3,7 милиони евра обесштетување за нарушеното здравје и за принудниот крај на неговата професионална кариера. Поранешниот голман смета дека клупскиот лекар на Порто погрешно го уверувал дека ...

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас поднесе тужба против Порто, барајќи отштета од 2,5 милиони евра за срцев удар што го претрпел на тренинг со клубот во 2019 година. Касиљас тврди дека срцевиот удар е резултат на прекумерен физички напор на тренинг, додека португалскиот шампион ја отфрла одговорноста и вели дека последниот збор ќе го даде судот. „Можам да одам во теретана, да играм падел, но не можам да трчам. Можам да издржам помеѓу 20 ...