СДСМ во партиско соопштение тврди дека најавите за ребаланс на Буџетот претставуваат потврда на нивните предупредувања дека државните финансии се наоѓаат во сериозна состојба. Од партијата посочуваат дека, според изјавите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, планираниот буџетски дефицит за целата година веќе е достигнат во првите шест месеци. „Ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат ...
Буџетската дупка се зголемува за 110 милиони евра и годинава ќе достигне 750 милиони евра, односно 4,1 отсто од Бруто домашниот производ. Владата на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот, со кој се предвидува зголемување на приходите, но уште поголемо зголемување на трошењата. Парите ќе се обезбедат од домашни и странски задолжувања. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека буџетскиот дефицит за првпат се ...
„Тука имаме зголемување за 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција, со што буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарди денари, односно на 4,1 проценти од БДП. По првпат, ова зголемување на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата. Не зборуваме за дефицит кој финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој“, рече министерката за финансии на ...

