Владата ја споделува загриженоста на граѓаните околу цените. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски осврнувајќи се денеска на цените во маркетите. „Глобалните движења, енергетските шокови и нестабилностите влијаат врз пазарите. Но, тоа не смее да биде алиби за неоправданите маржи и прекумерни профити на грбот на граѓаните. Пазарната економија значи слобода на трговија, но не значи без контрола. Потрошувачот мора да биде заштитен”, ...

Цените не може да се стабилизираат преку ноќ, вели министерката за финансии. Според неа, поскапувањата почнале уште пред неколку години, поради ковидот, енергетската криза, војната меѓу Русија и Украина. Оцени дека многу порано требало да се реагира преку низа мерки, како на пример, да се користат стоковите резерви, а не само да се креваат платите за да се стигнат цените. -Сега вие кога ќе ги научите фирмите дека за нивниот производ со ...