Охрид, 29. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го празнуваат Светиот апостол и евангелист Матеј. Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. ...
Охрид, 1. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети маченик Платон. Од градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан е како христијанин. Уште во младите години покажуваше големо совршенство во сите добродетели. Не ја криеше својата вера во Христа, туку јавно ја проповедаше изобличувајќи ги идолопоклониците заради поклонувањето на мртви твари наместо на живиот Создател. Заради ова беше изведен на суд ...
Охрид, 30. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски. Божји човек и голем чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и египетската философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност, се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај ...
На 29 ноември православните христијани го одбележуваат празникот на Светиот апостол и евангелист Матеј, кој го напишал Евангелието на еврејски јазик, а подоцна било преведено на грчки. Се смета дека неговото Евангелие е едно од најсеопфатните, опишувајќи настани уште пред раѓањето на Исус, а првично било напишано осум години по воскреснувањето на Христа. До нас дошол само грчкиот превод, додека оригиналот на еврејски е загубен. Пред да го ...

