Денеска и официјално ќе биде спуштена завесата на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ кој традиционално се одржува во СЦ „Билјанини Извори“. Во финалната пресметка имаме две македонски екипи, Вардар и ГРК Охрид, натпреварот е закажан со почеток во 20:15 часот. Овие два тима веќе еднаш пред стартот на сезоната ги одмерија силите, исто во финале, но во рамките на струшкиот турнир, победник беше составот од Охрид. До денешната битка за ...
Македонската пресметка во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ повторно му припадна на ГРК Охрид, кој повторно на сметка на Вардар успеа да дојде до нов пехар пред стартот на сезоната. Избраниците на Борис Ројевиќ славеа со 29-27 (12-10). И на оваа средба тренерот, Иван Чупиќ не можеше да смета на комплетниот состав, без Малус, Јанковски, Лазаревски, Да Силва. Во првото полувреме видовме изедначена игра, со тоа што водството се менуваше, ...

