Во Кочани одново се сочустува, овој пат родителите и блиските на настраданите во Пулс излегоа по градските улици за да одадат почит на настраданите во дискотека во Кран-Монтана, Швајцарија. Освен пораките испишани на мајчин јазик, утешните зборови беа споделени и на француски, а присутните пуштија во воздух 40 бели балони за истиот број загубени човечки животи во Швајцарија. Се палеа и свеќи за спомен на починатите, и тоа во форма на срце. ...

Со запалени свеќи и во тивка, достоинствена атмосфера, попладнево во Кочани се одржа мирен собир под мотото „Два града – иста болка“. Граѓани од различни генерации се собраа за да изразат сочувство и солидарност со семејствата на жртвите од трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. На собирот присуствуваа и родители на децата кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие порачаа дека длабоко ја разбираат ...

Кочани е на 1700 километри од Кран Монтана, но за жал и двете места доживејаа иста судбина. Во смртоносен пожар во објект наречен дискотека загинаа млади луѓе. Несоодветни услови, акустичен сунѓер, само еден излез се само дел од сличностите на двете кобни несреќи кои настанаа на ист начин со користење на прскалки кои го запалија таванот. Заглавени во објектоите кои апсолутно немале никакви услови за д абидат ноќни клубови. И додека кај нас ...