Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека извршила успешни напади врз складишта за гориво и муниција во воздухопловната база „Принц Хасан“ во Јордан, како и врз американски цели во Бахреин и Кувајт. Во соопштението се вели дека целите во Јордан биле погодени со прецизни ракетни напади како дел од одмаздничка операција против американската воена инфраструктура во регионот, објави иранската државна телевизија „Прес ТВ“. ...
Иран лансираше 10 балистички ракети кон американскиот команден центар на Блискиот Исток, како и кон американската воздухопловна база Ал-Азрак во Јордан, објави Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК). „Како резултат на лансирањето на 10 балистички ракети, погодени се непријателскиот команден и контролен центар на Блискиот Исток и воздухопловната база Ал-Азрак во Јордан “, се наведува во соопштението на ИРГК, пренесено од ИРНА. ...

